ХЕПАТИС „X“ - ДАЛИ СПАЈК ПРОТЕНИОТ Е ИНВОЛВИРАН ВО НОВОТО ЗАБОЛУВАЊЕ?-Проф. Софијанова и д-р Андоновски за разорното заболување кај децата

Добивај вести на Viber

Случаи на хепатитис или воспаление на црниот дроб кај најмладата популација се пријавени уште во средината на април во повеќе европски земји-Данска, Ирска, Холандија, Шпанија, како и во САД, но први кои алармираа за ова заболување беа британските здравствени власти кои објавија дека откриле повеќе случаи на инфекцијата кај децата од вообичаено. Од вчера и лекарите во Србија алармираа дека можно е да има прв случај, на ова заболување и кај нив.

Во разговор за Фактор, директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р. Аспазија Софијанова, вели дека засега во Македонија не е регизтриран случај на дете со овој, засега непознат вид хепатитис, но конкретно ги посочи симптомите на заболувањето.

-Станува збор за акутно прогресивно заболување на црниот дроб кај децата, а први случаи беа пријавени во Велика Британија, но и во уште неколку европски земј. Ние, педијатрите на нашите редовни стручни состаноци постојано разговараме за ова заболување во последниов месец. Акутното влошување на црниот дроб, од она што досега е познато е како последица од изолиран аденовирусот, но дилемата сега е дали тој адено вирус е поради спајк протениот на корона вирусот, бидејќи најверојатно е тип на адено вирус кој е премногу разорен за црниот дроб. Сега се поставува прашањето дали таа разорност е поврзана со короната, дали има врска со спајк протениот кој го има во аденоврусот или е некој независно создаден сам по себе бидејќи е познато дека вирусите повремено имаат тенденција да мутираат и да прават мутираат и да прават такви необјасниви здравствени појави. Но, во конкретниот случај, ги напаѓа децата, односно црниот дроб кај децата. И за жал е толку брзо агресивен да не може ниту една хепатопротективна терапија да влијае. Не влијае терапијата која би го заштедила делот од црниот дроб кој е веќе разорен. Единствен начин на лекување е трансплантација на црн дроб. Веќе од повеќе од стотина случаи во светот со ова заболување, веќе се направени 70-тина трансплантации кај децата, посочува проф. Софијанова.

Детали читајте на Фактор .