Хит модно парче за крајот на летото и почетокот на есента: Хеланките се враќаат во мода, но само ако ги носите вака
Хеланките стануваат шик парче, под услов да се носат со соодветни модни комбинации
Хеланките се омилено парче облека за многу жени. Удобни и пријатни за носење, тие сè уште се сметаат, пред сè, за спортска облека.
Затоа љубителите на модата ќе бидат пријатно изненадени кога ќе ги видат омилените хеланки на Инстаграм фидот на многу инфлуенсери. Хеланките стануваат шик парче, под услов да се носат со правилни комбинации.
Со предимензиониран џемпер
„Оверсајз“ модата не поминува, иако некои елементи, како јакните, на пример, веќе се појавуваат во скратени верзии. Меѓутоа, кога станува збор за џемперите, широките и долгите модели се сепак исклучително шик, па хеланките ќе бидат добредојден додаток со соодветни патики и голема чанта.
Со машка кошула
Широката кошула е незаменлива и оваа есен. Ако сте многу самоуверени, можете и делумно да ја напикате во појасот на потесните ткаени хеланки. Сепак, и вие ќе бидете во тренд ако ја оставите да ви падне преку задникот.
Со бомбер јакна
За среќа, овој модел е „унисекс“, па можете да позајмите од вашиот сопруг, дечко или брат, а продавниците се полни со пристојни варијанти на бомбер јакни.
За дамите кои немаат совршена фигура, стилистите им предлагаат кошула или фустан под јакната - играта со различни должини ќе ги скрие несовршеностите на колковите и задникот.
Извор: lepaisrecna.mondo.rs