Холивуд на диета: Како ослабеа славните ѕвезди?
Борбата со вишокот на килограми никогаш не е лесна, а од тоа не се
поштедени ниту светските ѕвезди. Иако килограмите не не' одредуваат кои сме,
сепак можат да не' спречуваат во секојдневниот живот, да ни го загрозат
здравјето и да ни ја уништат самодовербата. Затоа голем број од ѕвездите од
Холивуд, сепак решија да ослабат, а некои драстични трансформации се
импресивни.
Ова се три најголеми трансформации во слабеењето кои позитивно не' шокираа.
Послаба за 20 кг: Адел
Едно од најголемите изненадувања во изгледот ни приреди поп-ѕвездата Адел (31). Од почетокот на кариерата се бори со дебелината, ама секогаш даваше до знаење дека нејзиниот изглед нема врска со пејачката кариера. Сепак, се претпоставува дека разводот од бизнисменот Сајмон Конецки кон крајот на 2018 ја поттикнал да се посвети на своето здравје.
Ја ангажирала фитнес тренерката Калила Гудис за да и помогне да стигне до вита фигура,ама тренерката откри дека Адел мрази да вежба и дека килограмите ги изгубила со помош на диетата Sirtfood. Се базира на внесување само на 2000 калории, а Адел внесувала само 1000 и конзумирала зелен сок три пати дневно. За шест месеци успеала да ослабе 20 кг.
Послаба за 45 кг: Џесика Симпсон
Пејачката Џесика Симпсон (39), како и Адел, мака мачеше со вишокот килограми последните години. Работата се влоши кога останала трудна со третата ќерка Брди Ме Џонсон. Ја мачеле многу здравствени проблеми како несоница и анксиозност и успеала да се здебели за 30 кг па при крајот на бременоста тежела 108 кг.
На крајот, зашто Холивуд е сепак немилосрден, се решава да ослабе и да се врати на старата тежина. Во тоа и помогнал тренерот Харли Пастернак со кого соработува преку 10 години и за шест месеци успева да ослабне 45 кг.
Во текот на строгиот режим, имала пет дневни задачи: Еден час активно да се движи, на еден час да се исклучи од сите технологии, здрава исхрана, доволен сон и вежби. Во текот на денот имала три главни оброци и две ужинки, а сите тие морале да содржат белковини, влакна и масти.
Послаба за 25 кг: Кристина Агилера
Поп-иконата Кристина Агилера (39) секогаш сакала да го покажува телото, дури и кога имала вишок килограми. Но, 2012 била посебно стресна година за неа особено зашто вокално ги тренирала кандидатите во американскиот "Voicе“.
Но фановите ги шокира една година подоцна кога изгубила 25 кг со помош на реики, јапонска древна метода на исцелување на духот и телото. Освен тоа, од исхраната ги исфрлила јагленохидратите и почнала да практицира јога.