Хороскопот го крие одговорот: Колку големи и вистински љубови го очекуваат секој знак?
Лав - два пати
Иако во животот на овој знак сѐ е забава и луда авантура, знае дека вистинската го чека. Младоста сака да ја искористи на одлични забави и создавање спомени, а за љубовта има време. Во морето состаноци на кои ќе оди, само две личности посебно ќе се истакнат. Првата љубов на овој знак нема долго да потрае, но ќе го научи на сѐ што треба да знае за врските за да биде подготвен за вториот пат.
Девица - еднаш
Девиците знаат подобро од било кој колку љубовта е тешка и комплицирана. Во текот на животот ќе имаат многу убави моменти во врските, но и многу тажни. Најдобро им е да се фокусираат на себе и другите работи во животот, бидејќи вистинската љубов ќе им дојде. Можеби не тогаш кога ќе сакаат, но секако некаде ги очекува. Овој знак е многу упорен и затоа кога ќе се заљубат, нема да дозволат никој и ништо да им застане на патот.
Вага - од еднаш до три пати
Вагите имаат големо срце и многу љубов за да подарат, но имаат и многу што да научат за љубовта. За време на животот ќе се заљубат три пати. Дали тоа ќе биде еднаш, два пати или три, ќе дознаат. Кога овој знак е заљубен, сите својата љубов ја даваат на таа една личност, толку што некогаш забораваат и на самите себе.
Шкорпија - ниту еднаш
Шкорпиите имаат срце полно со љубов и страст, но се плашат тоа да им го покажат на другите. Го чуваат заклучено и одбиваат да покажат каде им е сокриен клучот. Сакаат љубов, но се плашат дека некој ќе им го скрши срцето. Секогаш ќе успеат самите себе да се уверат дека нема смисла да се препуштат на емоциите, бидејќи на тој начин таа личност најверојатно ќе им го скрши срцето. Доколку не го променат ова размислување, Шкорпиите никогаш нема да ја доживеат лудата заљубеност.