Хороскопот го крие одговорот: Колку големи и вистински љубови го очекуваат секој знак?
Стрелец - најмалку пет пати
Можеби Стрелците ова не сакаат да го признаат, но се плашат да се врзуваат за некој. Кога врската ќе им стане малку пресериозна, тие со задоволство ќе побегнат, бидејќи не знаат што и како понатаму. Кога ќе започнат да размислуваат за тоа дека ќе го поминат животот со личноста со која моментално се во врска - паниката почнува. Затоа држат некоја дистанца, а низ животот ќе се заљубат најмалку 5 пати. Кога ќе се заљубат, се заљубуваат силно, но поради паниката за иднината, ќе се уверат самите дека тоа не е тоа.
Јарец - еднаш
Уште еден знак кој ја чека вистинската љубовна приказна во животот е Јарецот. Овој знак не доживува мала заљубеност и пропратни допаѓања, туку секогаш има во фокус нешто повеќе. Во овој знак се раѓаат луѓе кои точно знаат што сакаат и нема шанса да се сложат на нешто друго. Во текот на животот само еднаш ќе се заљубат и тоа ќе биди нивниот среќен крај.
Водолија - два пати
Иако Водолиите сакаат да бидат во врска и сакаат да ги искусат сите оние романтични ситуации кои ги гледаме во љубовните филмови, кога во реалноста ќе запознаат некој, тие се преплашени и не и даваат ниту шанса на љубовта. Премногу им е драга нивната слобода и самостојност, поради што никако не и даваат можност на љубовта. Во текот на животот ги чекаат две големи заљубености, а кога ќе се случи тоа? Кога конечно овој знак ќе сфати дека да бидеш во врска не значи дека ќе се изгубиш себе и својата самостојност.
Риби - еднаш
Рибите сонуваат за љубовта од кога знаат за себе. Тоа е оној знак кој ја испланира својата венчавка уште на 12 години и кој на сѐ гледа како на бајка. Како да има тајна моќ која ќе му помогне да ја детектира и пронајде вистинската љубов. Исто како и во бајките, овој знак ја чека неговата една и единствена љубов.