ХОРОСКОПОТ НА СТАРИТЕ СЛОВЕНИ- Суров и искрено точен
Го сметаат за еден од најточните хороскопи. Ова е астролошко писание на старите Словени чиј годишниот сончев циклус започнува во пролет и се состои од неколку временски периоди.
Овде улога играат божествата поврзани со човекот и природата, посебно цветовите
Подолу, можете да видите под кое словенско божество припаѓате и што тоа значи според датумот на раѓање
Јарило -21 март - 20 април Луѓето родени во овој период оставаат впечаток дека се едноставни, а всушност поседуваат силен темперамент и голема сила. Ја ценат љубезноста и чесноста и имаат големо срце. Ова се типови на луѓе кои се многу страсни, брзо се вљубуваат, романтични се, но многу нестабилни во љубовта.
Лада - 21 април - 21 мај Поединци на кои им е исклучително важна естетиката, имаат голема имагинација и интуиција. Уживаат да бидат опкружени со цвеќиња и мириси, а најдобро живеат во склад со природата. Тие се практични луѓе, а кога сакаат некого, го сакаат засекогаш.
Лејла -22 мај - 2 јуни Луѓето родени под нејзино покровителство имаат добра смисла за хумор, агилни се и интелигентни. Имаат добро срце, подготвени се да помогнат секому и поседуваат голема храброст, но понекогаш можат да бидат непостојани и раздразливи.
Кострома -03 јуни - 12 јуни Луѓето родени во овој период се многу талентирани во вербалното изразување, затоа се склони кон литературата. Ги чувствуваат вибрациите на универзумот, го сакаат животот и уживаат во секој момент. Тие се љубопитни практични и никогаш не бегаат од непознатото.
Додола - 13 јуни - 21 јуни Луѓето родени во овој период остануваат млади во душата долго време. Малку се наивни и мрзеливи. Го гледаат животот како бајка и забава. Имаат тенденција да дадат сѐ од себе за да успеат во животот, но всушност не бараат многу, ниту им треба многу. Ретко имаат конвенционални љубовни врски.
Велес -22 јуни - 05 јули и 08 јуни - 22 јули Луѓето родени во овој период се најмистериозни, како што е и самиот Велес, склони се кон окултните науки и природата. Тие се многу добри психолози и тешко можете да ја скриете вистината од нив. Ова се многу страсни индивидуи, полни со љубов, на чиј шарм е тешко да се одолее.
Дабог -23 јули - 23 август Луѓето родени под негово покровителство блескаат во полн раскош, така што се често во центарот на вниманието. Тие сакаат да бидат почитувани и можат да станат владетели во сите сфери на животот. Само треба да бидат одговорни, што е во нивната крв. Понекогаш знаат да бидат нереални во амбицијата, што може да ги претвори во тирани.
Маја -24 август - 08 септември Толерантни и трпеливи луѓе, надарени со талент за решавање на конфликти и помирување на непријателите. Сакаат да работат и да живеат во удобна атмосфера и секогаш се исклучително флексибилни. Но, кога размислуваат за иднината, можат лесно да станат вознемирени, а понекогаш дури и малку конзервативни.
Рожаница -09 септември - 11 септември Луѓето родени под нејзино покровителство се тивки, повлечени и мистериозни. Имаат развиено чувство за хармонија и сакаат да ги поедностават работите. Знаат да бидат многу страсни за работата што ја прават, толку многу што забораваат на сè околу себе. Полни се со страст, но и малку недоверба дека љубовта може да ги надмине сите пречки.
Мокош -12 септември - 27 септември Ова се поединци кои ја разбираат хиерархијата на светот и општеството, ги почитуваат своите претпоставени и имаат добра комуникација со луѓето, иако во непознато друштво чувствуваат непријатност. Семејството им е многу важно.
Сварожиќ -28 септември - 15 октомври Луѓето родени во неговиот знак се исклучително среќни. Тие се многу интелигентни и склони да го набљудуваат светот околу себе. Често се рационални и исклучително им е важно да не ги загубат своите идеали и морални принципи.
Морана -16 октомври - 01 ноември Овие лица се движат во две крајности. Од една страна можат да бидат нежни и дискретни, донекаде ориентирани кон соништата, а од друга страна се агресивни, тврдоглави, љубоморни и склони кон криење емоции. Жените родени во знакот на Морана се често фатални.
Симаргл -02 ноември - 22 ноември Тоа се лица кои често потекнуваат од семејства со многу деца. Ја почитуваат традицијата и нивните предци. Кога сакаат, тие сакаат со цело срце и љубоморно го чуваат својот дом и семејство. Понекогаш можат да одат во крајности и да станат тирани, кога станува збор за благосостојбата на семејството.
Зима -23 ноември - 30 ноември Според нив, сè во животот се случува поради некоја причина, нема случајности. Тие знаат да се однесуваат многу ладно. Обично се успешни во спортот или истражувањето. Заинтересирани се за необични природни појави, паралелни светови, вселена...
Виргона -01 декември - 10 декември Луѓето родени под нејзино покровителство се многу имагинативни и независни. Обдарени се со упорност, независност и силна сензуалност. Не се склони кон напорна работа, туку кон измама. Копнеат по удобен живот и често знаат да бидат коцкари или шпекуланти.
Крачун -11 декември - 23 декември Често имаат потешкотии во комуникацијата со луѓето, но затоа добро се снаоѓаат со животните. Знаат да бидат ладни и малку тажни во длабочините на нивните души. Имаат тенденција да бегаат во минатото или иднината во нивните умови. Сакаат да патуваат и да запознаваат други култури, а особено сакаат топли, тропски предели.
Перун - 24 декември - 20 јануари Луѓето родени под овој знак можат да привлечат внимание кон себе и да предизвикаат почит. Размислуваат брзо и донесуваат одлуки без одлагање, што им дава одлични предуслови за да станат политичари. Тие се упорни и не се откажуваат сè додека не ја достигнат својата цел.
Стрибог -21 јануари - 20 февруари Луѓето родени под покровителство на Стрибог се малку религиозни и мистични во размислувањето. Тие се многу интелигентни и успешни во решавањето на проблемите. Кога штитат некого, тоа го прават претпазливо и ненаметливо, и тешко им е да ги покажуваат чувствата.
Род -21 февруари - 20 март Луѓето родени под негово покровителство добро ја разбираат човечката психологија. Ги читаат луѓето и нивните постапки како отворена книга, но од друга страна, тие самите не читаат толку добро. Имаат тенденција погрешно да ги разберат сопствените емоции.