ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Кој за што го бива?
Овен
Ако ви треба партнер за луди авантури, Овенот е вистинскиот човек за тоа.
Не е злопамтило, може да се скарате со него, но за 5 минути тој ќе заборави на тоа.
Ако некој ве налути, Овенот прв ќе застане на ваша страна.
Брзо и жестоко се заљува, па нивните партнери имаат незаборавно искуство.
Бик
Многу се искрени и никогаш не се преправаат.
Тие се многу лојани и тоа ги прави одлични пријатели.
Секогаш сте добредојдени во домот на Бикот.
Тој ќе ви помогне да ги остварите вашите идеи, со тоа што ќе ви даде реална перспектива и практични совети.
Близнаци
Тие сакаат нови луѓе и ситуации, и сакаат да ги прошират своите хоризонти.
Ако не ви се допаѓа некоја нивна “страна“, не грижете се – веќе следниот ден ќе бидат различни.
Паметни и добро начитани, Близнаците се одлични партнери во игрите на знаење.
Не мора да се трудите подобро да ги запознаете – тие се многу отворени.
Рак
Ракот секогаш ќе се труди да им угоди на другите.
Ракот поседува голема внатрешна сила и со него секогаш ќе се чувствувате сигурно.
Има неверојатен инстинкт, и веднаш ќе препознае ако нешто не е во ред со вас, без разлика дали сте тажни или лути.
Ако Ракот ве праша како сте, тој навистина сака да добие искрен одговор.
Лав
Тој е заштитнички настроен кон луѓето кои ги сака.
Лавот го сака животот и луѓето и неговиот ентузијазам е заразен.
Тој е вистински романтичар и ќе ве научи да ги цените малите знаци на внимание и љубов.
Шармот на Лавот му помага да се извлече речиси од сите незгодни ситуации.
Ако Лавот се заљуби во вас ќе се чувствувате како најубавото и најпосакуваното суштество на светот.
Девица
Припадиниците на овој знак се длабоки, чувствителни и внимателни луѓе.
Ако имате проблеми, Девицата прва ќе дојде кај вас, без да ја викнете.
Девицата ќе ви го преуреди орманот, ќе ви ја среди гаражата или кујната – и тоа ќе им биде забавно.
Никогаш нема да ја чекате Девицата – таа секогаш стигнува 5 минути порано.
Вага
Таа е најсреќна кога другите се среќни. Тие сакаат да се опуштат себеси и другите.
Невозможно е да не ја сакате Вагата, таа има вроден шарм.
Вагата секогаш е посредник во расправиите, бидејќи има талент за решавање на конфликти.
Вагата секогаш ќе ве потсетува колку вредите.
Шкорпија
Шкорпиите се најлојални пријатели. Секогаш можете да им се доверите.
Тие ќе ја ценат секоја работа која ќе ја направите за нив.
Со Шкорпијата можете да разговарате за секс без да ви биде непријатно
Имаат силна енергија и ако ја насочат во добар правец може да го променат светот.
Стрелец
Тие се великодушни и секогаш се подготвени да дадат, без да очекуваат нешто за возврат.
Весели се и друштвени и на сите им се допаѓаат.
Имаат цврсти ставови и се борат за своите уверувања.
Тие се одлично рамо за плачење.
Несебично ги делат своите искуства и знаења со другите.
Јарец
Јарците се добри и внимателни домаќини. Тие се предодредени за успех во животот.
Ако сте им вистински пријател, нема нешто што не би направиле за вас.
Амбициозни се и насочени кон целта и ќе ве поттикнат и вие да бидете такви.
Секогаш ќе ве спуштат на земја и ќе ви кажат како стојат работите.
Водолија
Многу се објективни, секогаш даваат добри совети и се големи борци за правда.
Благодарение на интелектот, можат да пронајдат заеднички јазик со сите.
Одлично е да се биде дел од нивниот круг на пријатели бидејќи се главни на сите забави.
Тие не ги следат другите, туку имаат своја насока.
Риби
Нивната смиреност и сталоженост ја пренесуваат на другите.
Имаат одлична интуиција и им даваат одлични совети на блиските. Не се површни и не ги гледаат луѓето на тој начин. Имаат разбирање за сите околу себе.
Рибите се достоинствени и енергични и се чини како да доаѓаат од друг свет.