Хороскопски знак вечен оптимист

Стрелците се забавни, отворени, оптимисти, сакаат спорт, авантура, патувања и интелектуални предизвици. Бидејќи се доволно отворени, тие уживаат во учењето нови работи и потрагата по смислата за животот. Постојат толку работи кои треба да ги знаете за нив, особено ако се дел од вашата околина. 

Тие секогаш се интересни луѓе, затоа што постојано сакаат да откриваат нови работи и се подготвени на секаков вид авантура. Кога ќе ви предложат некоја идеја, бидете сигурни дека таа е луда. Ако сте во врска, не треба да ве изненадуваат некои случајни патувања или спонтани активности.

Стрелците имаат безгранична енергија. Тие не се личности кои ќе седат пред телевизорот. Наместо тоа, сакаат да излегуваат надвор, постојано да патуваат и да остваруваат работи за кои другите само сонуваат.

Тие интелектуални ги стимулираат луѓето и се познати по тоа што имаат широк спектар на интереси. Тие обично читаат многу и се добро образовани. Ако сакате учење, тие може да ве подучуваат на разни теми.