Храна која не треба да ја јадете за вечера
Здравата диета и рамнотежата се важни за нашиот организам. Затоа оваа храна не смеете да ја јадете навечер, посебно не по 19часот. Ако се грижите за вишокот на килограми и се прашувате што да вечерате за да ги избегнете проблемите со сонот, важно е да размислите што ќе вечерате.
Ако вечерате обилна вечера, најверојатно ќе имате проблеми со сонот таа ноќ. Тоа е затоа што нашето тело започнува процес на асимилација по вечерата. Најдобро е да вечерате 2 часа пред да одите да спиете.
Покрај тоа, што нема да спиете со полн стомак, влијаат и други фактори. Во текот на попладневните часови и во текот на ноќта правиме помалку активности, помалку трошиме енергија, така да не може да потрошиме се што сме јаделе.
Нутриционистката Ребека Флорес објаснува кои намирници не треба да ги внесуваме за вечера. Производите богати со јаглехидрати, зачини, зеленчук може да ви предизвикаат проблеми во текот на ноќта.
Печурки
Печурките се многу добра храна, но треба да се земаат во мали количини. Овој зеленчук има малку калории, но има висока содржина на влакна. Ако имате проблеми со стомакот, оваа храна треба да ја избегнувате за вечера.
Зелена салата
Добро е да се јаде зеленчук, но оваа храна избегнувајте ја во текот на ноќта. Препорачливо е да не вечерате зелена салата, бидејќи е богата со јаглехидрати и може да ви предизвика воспаление на цревата и гасови.
Целер
Доколу вечерате целер ќе имате проблеми со стомакот и може да одите во тоалет неколку пати, а тоа ќе вилијае на сонот.
Сирење
Сирењето е производ богат со животинска маст и голем број на калории, затоа треба да го избегнете за вечера.
Кафе или чоколада
Составен од кофеин, кафето е стимулирачки пијалок, предизвикувајќи несоница. Исто така не треба да конзумирате и други стимулирачки производи како што се, безалкохолни пијалоци или чоколади.