Здравје // Совети
Хронично болните да се вратат на работа, породилните отсуства до крајот на 2020: Нови предлози на Комисијата за заразни болести
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста, односно влошување на хроничното заболување.
-За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31.12.2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Предлозите на Комисијата за заразни болести ќе бидат доставени до Владата по што се очекува конечна одлука.