Хрватски газда купил хотел на море за да има каде да одмораат неговите вработени
Бизнисмен купил хотел на море само за вработените.
Претприемачот Дарко Мет Сертиќ одлучил на своите вработени да им овозможи убав и пријатен одмор во хотел кој го реновирал само за нив. Во градот Јабланац на хрватското приморје има хотел кој Дарко решил да го купи за да можат неговите вработени да се одморат. Сертиќ со години барал објект во кој работниците од неговите три фирми во Сисак би можеле да одмораат бесплатно.
„Ако сакате добра и просперитетна компанија со среќни вработени, мора да им се обезбеди некои основни работи – платени патни трошоци, топол оброк, но и убав одмор. Мора да им помогнете со она што влијае на нивниот семеен буџет малку повеќе. Така ги чувате. Освен тоа, ќе привлечете нови, попаметни луѓе од себе. Тогаш можеш малку да се повлечеш и да кажеш – супер, помалку обврски за мене“, вели Сертиќ (66).
Деталите погледнете ги на Фактор овде.