Хрватски научни тврди: Алергиски реакции, сврбеж и осип се нормални - Европската агенција нема да дозволи вакцина со големи несакани ефекти

Добивај вести на Viber

Хрватскиот научник и член на владиниот Научен совет, Драган Приморац, вели дека алергиските реакции, осипот на кожата, сврбежот, како и краткиот здив, се многу чести појави при давањето вакцина.

Еден ден откако започна вакцинацијата во Велика Британија, почнаа и првите несакани ефекти. Луѓето со тешка алергија не треба да примаат вакцина, затоа што двајца здравствени работници имале алергиски реакции. Извештаи за нус појави доаѓаат и од САД. Четворица учесници во клинички испитувања доживеале реакција во форма на делумна и привремена парализа на лицето.

„Постојат две клучни работи. Екстремно силна алергиска реакција се појави кај луѓе кои имаат историја на болест, на која реагирале премногу бурно и развиле специфична реакција. Тие имале покрај себе адреналин затоа што знаеја што им треба. Во спротивно тоа може да биде реакција опасна по живот“, рече Приморац, кој е педијатар субспецијалист по медицинска генетика и експерт од областа на форензичка генетика. 

При госпувањето во емисија на РТЛ, тој додаде дека што се однесува до случаите во САД, парезата обично завршува во рок од три месеци без никакви проблеми. Тој истакна дека е важно да се евидентира сето ова.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк