Huawei ги открива тајните на својата нова батерија

Добивај вести на Viber

Многу мала, но донесе големи промени во развојот на нашата цивилизација. Без неа нема да има дигитални медиуми, мобилни телефони, па дури и играчки. Се разбира, зборуваме за батеријата!Првите батерии имаа многу краток век (максимум 1 час), но денес малите батерии можат да обезбедат 24 часовна работа на паметен телефон и, што е уште поважно, може да се полнат одново и одново.

Што е батеријата?

Батеријата е уред кој произведува електрична енергија преку хемиски процеси кои се случуваат помеѓу супстанциите содржани во неа. Формите и принципите на работа се разликуваат кај различни типови на батерии. Некои батерии може да се полнат (како што се оние за мобилни телефони, лаптопи и таблети), додека други не можат да се полнат (на пр. батерии на часовници).

Како започна сè?

Во 1800 година, италијанецот Алесандро Волта ја измисли првата батерија што ја знаеме денес. Концептот на Волта имаше свои технички недостатоци, но ова го означи почетокот на еден навистина неверојатен технолошки напредок, без кој е тешко да се замисли животот денес.

Од биро до џеб - еволуцијата на телефонот

Првиот телефон бил измислен во 19 век од Александар Бел. Има малку пронајдоци кои  имаа толку големо влијание не само врз нашиот секојдневен живот, туку и врз историскиот развој на технологијата. Благодарение на него, можеме да работиме и да комуницираме со нашите роднини многу побрзо и полесно отколку што можеби и самиот Бел си замислил.И претходно можевме да разговараме од домовите и канцелариите, но луѓето сакаа повеќе - телефон кој ќе можат да го користат насекаде и во секое време. Водени од овој стремеж уште во 40-тите и 50-тите години на 20. век шведски научници ги создаваат првите прототипи на мобилните телефони - куфери со тежина од околу 40 килограми кои чинеа речиси колку еден автомобил! Изненадувачки или не, новиот изум брзо стана многу популарен. Ова го означува почетокот на концептот на бежичен телефон и батерија што се полни.

Современите паметни телефони ги комбинираат функциите на класичен телефон, камера, GPS навигација, компјутер со пристап до интернет и диктафон, кој е вграден во уред со џебна големина. Но, дури и толку развиените уреди се бескорисни ако немаат електрична енергија за да работат. И колку повеќе функции имаат паметните телефони, толку побрзо се трошат батериите. За среќа, денес постојат многу моќни и компактни паметни телефони со издржливи батерии. Највпечатлив пример за овој позитивен тренд е новиот Huawei Mate 20.

Железна“ батерија за секојдневна употреба

Уредите од серијата Mate 20 имаат батерија 4200 mAh во споредба со 4000 mAh во серијата P20. Комбинирајќи издржлива батерија со моќен хардвер и софтвер, новиот Mate 20 може да издржи интензивна употреба без потреба од полнење.

SuperCharge

Новите Mate 20 Pro и Porsche Design Mate 20 RS ја имаат новата SuperCharge технологија со батерија од 40 W, која полни од 0 до 70% за околу 30 минути. Двата модели исто така поддржуваат безжично полнење од 15 W, што е најбрзо на пазарот денес. Huawei Mate 20 и Mate 20 X доаѓаат со 22,5-волтов адаптер кој ја зголемува брзината и ефикасноста на полнењето.

Прв двонасочен безжичен полнеж во светот

Еден од најсериозните технолошки предизвици за човештвото во 21-от век ќе биде изум на батерија која може да функционира со денови без потреба од полнење. Ова е иновација во која тимовите на експерти веќе работат напорно. Едноставно, ни самиот Алесандро Волта не можел да замисли дека неговото откритие ќе го промени начинот на живот на човештвото на таков фундаментален начин.