Моден фокус // Стил Профил
Хуманитарна аукција за матурантите од СОС Детското село
Студентите од Факултет за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитетот, во среда, на 23 мај од 19 часот во џус барот „Диван“ во Капитол мол, ќе одржат аукција на специјално дизајнирани чанти.
Целиот приход од продажбата на чантите ќе се донира за матурантите од СОС Детско село Македонија.
Кампањата е наречена „Креатори на насмевки“ , а оваа аукција е со цел да се усреќат матурантите, студентите и посетителите кои се мотивирани да им помагаат на децата од СОС Детско село. Аукцијата е од отворен карактер и поканети се сите кои сакаат да купат стилски дизајнирана чанта од студентите на ФОН Универзитет и со тоа да им овозможат подарок на децата од СОС селото.