Хуманитарна помош со млеко и прехранбени производи од Македонија за Драч

Добивај вести на Viber

Од Црвениот крст на Град Скопје се подготвува конвој со хуманитарна помош наменета за граѓаните на Драч. Помошта се состои од прехранбени производи како Битолско млеко и други млечни производи потребни за граѓаните. Иницијативите за вклучување во акцијата на црвениот крст доаѓаат од секаде, компании од сите градови во државата испраќаат помош во производи и неопходни средства за семејствата чии домови се уништени од земјотресот.Покрај храна, исто така се испраќаат и препарати за хигиена, зимска облека и обувки но и прекривки, ќебиња и јоргани.

Помошта од Македонија за Драч се зголемува и секојдневнопоаѓаат нови конвои и шлепери со производи. Во хуманитарната акција,покрај компаниите коишто испраќаат секаков вид помош се вклучуваат и граѓаните кои пакетите со разни неопходности ги доставуваат до собирните пунктови на Црвениот крст.

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Албанија се зголеми на 46.Според албанскотоМинистерство за здравство, во болниците медицинска помош добиле над 790 лица.Околу 4000 луѓе се останати без покрив над главата.