И мажи и жени ја гледаа хипнотизирано: Моника Белучи повторно во ист модел на панталони кои ги носи со години
Актерката Моника Белучи (57) уживаше на ревијата на Dolce&Gabbana која се одржа на Сицилија пред неколку дена, а овој пат имаше уште повеќе причина со широка насмевка да ги следи случувањата на пистата.
Имено, меѓу манекенките беше и нејзината ќерка Дева (17), која промени неколку модели и оставајќи ги сите без здив покажувајќи дека славната Моника има достоен наследник кога е убавината во прашање.
Белучи за оваа пригода избра црн костум на модната куќа Dolce&Gabbana, составен од краток и струкиран блејзер со сјајни ревери и џебови со лажни преклопи, како и модел на панталони кој дефинитивно и е омилен. Станува збор за длабоки црни панталони со малку пошироки ногавици, во кои со години ја гледаме познатата дива.
Станува збор за модна класика, која особено во последните години доживеа вистински бум, а се работи за тип на панталони кои зрачат со елеганција и даваат шик шмек на секој аутфит. Тоа го постигнува особено благодарение на фактот што Моника обично носи црна боја, што е одлично за комбинирање и за да го направи секој изглед поелегантен - дури и оној за шетање и шопинг!
Актерката оделото го облече преку црн корсет и го зачини со црна чанта и очила за сонце.
Фото: Инстаграм Screenshot