Идеален за лето, а толку ризичен: Бохо фустанот на Ана Ивановиќ кој ги подели вкусовите и лесно води во модна катастрофа

Добивај вести на Viber

Бохо фустанот на Ана Ивановиќ за лето - што мислите?

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ неодамна стана мајка по трет пат, но многу брзо се врати на работа и на социјалните мрежи. Ана е експерт за теми кои ги интересираат многу жени, како убавина, здрав живот и исхрана, а особено мода!

Речиси никогаш не греши кога е модата во прашање и секогаш има интересна модна лекција и одлично го балансира елегантниот и урбан стил со квалитетна и скапа облека.

На Ана не и е непознат бохо стилот, идеален за лето, а со лелеавата облека, удобноста и шик изгледот се загарантирани.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)



Генерално, нејзините досегашни летни аутфити отсекогаш биле докажани и Ана никогаш не експериментирала премногу со модата, но секогаш ги следела трендовите.

За најновата фотосесија, Ана избра бел фустан од брендот Zimmerman.

Овој фустан одлично ѝ прилега на Ана бидејќи е токму во бохо стилот, а фотографирана е во цветна градина, има бела чанта, сандали... Но и еден многу, многу ризичен детаљ.



Имено, фустанот на Ана со прерамки има и долен дел: во форма на реси. Ресите можат да бидат многу ефикасен детаљ, но треба да бидете особено внимателни со нив. Доколку носите парче облека со реси, неопходно е остатокот од комбинацијата да биде што посуптилен и поедноставен, бидејќи еден детаљ што ќе отскокне е доволен за комбинацијата да стане кич и тотално промашување.

Ана не падна во модна замка, но нејзиниот фустан секако ги дели вкусовите, бидејќи не е сосема едноставен, токму поради ресите. Како ви се допаѓа?