Идеален за лето! Еве како да направите фустан од здолниште - потребен ви е само ремен (ВИДЕО)
Лесно можете да носите здолниште како фустан, а се што ви треба за тоа е ремен
Летото е вистинско време за експериментирање со облеката.
Сигурни сме дека е во ваш интерес да носите што помалку облекана топлото време, а сепак да изгледате убаво и стилски.
Модна блогерка покажа како здолништето можете да го претворите во фустан, а се што ви треба е ремен.
Првиот чекор е да го облечете здолништето асиметрично, така што едната страна е под пазувите, а другата преку рамото.
Потоа, подвиткајте ја страна што е над рамото под горниот дел.
Потоа врзете сè со ремен или појас ...
И тоа е тоа. Имате одлична алтернатива кога ви треба идеја за оние денови кога не знаете што да облечете.
Како всушност изгледа во пракса, можете да видите во видеото ОВДЕ!
Фото: Инстаграм