Идеална за дами со потенка коса: Оваа фризура ќе биде хит сезонава

Добивај вести на Viber

Есента е време кога повеќето жени се одлучуваат за некаква трансформација. Најчесто станува збор за промена на фризурата, а шишките се особено популарни оваа сезона, особено таканаречените „шишки завеси“.

Оваа фризура е идеална за сите дами кои имаат потенка коса, бидејќи визуелно, може да создаде ефект на луксузен волумен. Шишките може да ги носат и дами кои имаат права и брановидна коса, додека не се препорачува за виткана коса.




Во однос на должината, изгледа подеднакво убаво на долга и кратка коса.

Овој тип на шишки имаат огромна популарност поради нивното лесно и едноставно одржување, што не бара премногу напор околу обликувањето.



Сè што треба да направите е да ја измиете косата, да ја исчешлате добро и да ги поделите шишките на два дела. За ефект на максимален волумен, шишките може лесно да се натапираат.

Оваа фризура веќе ги освои срцата на многу блогери и инфлуенсери, кои дури и снимаа видеа во кои тие презентираа како ги прават овие шишки.


Фото: Инстагарам

Можеби ќе ве интересира:

Лесен и ефикасен рецепт: Шампон за брз раст на косата кој може да го направите дома