Игра која секој родител задолжително треба да ја практикува со детето

Добивај вести на Viber

Во текот на криенката, децата имаат исчекувања и изненадувања, а низ оваа игра доаѓаат и нови способности.

Сигурно ви се случило со мамење некое бебе да го смиривте и му ги запревте солзите , или пак му измамивте насмевка така што ги прекривте очите со раце или сте се сокриле на момент па излеговте пред него.

Децата задоволство искажуваат со насмевка и гласно цимолење. Исто се случува и подоцна кога почнете да им криете предмети, а тие ги бараат, што е е многу корисно за нивниот ментален развој.

Швајцарскиот психолог Жан Пјаже тоа го нарекол „принцип на перманентност на објекти“ кои помагаат децата да сфатат дека работите може да бидат на некое место иако не ги гледаме. Тие во текот на криењето имаат и исчекување и изненадување, а низ таа игра стекнуваат и нови способности.

Малите едвај чекаат да пронајдат предмет на криење, а потоа експертите тврдат дека, учат да препознаваат и да го контролираат она што го гледаат.