Иконичниот фустан во кој Џулија Робертс стана „Убава Жена“ е голем хит оваа сезона: Дали би го носеле?
Овој фустан е навистина неодолив, треба да го имате сезонава
Џулија Робертс е една од најубавите актерки во Холивуд и со својата харизма и неодолива насмевка ја држеше публиката пред малите екрани во најубавите романтични филмови. Во еден од нив, „Pretty Woman“, таа носеше исконски фустан со специфичен „прстен“ во средината, кој подоцна инспирираше многу модни брендови и стана едно од најпосакуваните парчиња облека во гардеробите на дамите ширум светот.
Деталот во форма на „прстен“ кој ги поврзува горниот и долниот дел од фустанот изгледа како комбинација на бела маица со сино мини-здолниште, а токму ова е еден од најпопуларните трендови кои ги освојуваат улиците и сите љубители на отворите на фустаните со нетрпение го очекуваат. Токму затоа ова парче облека стана вистински моден хит оваа сезона.
Џулија остана запаметена и по кафениот фустан со реси, кој на крајот стана инспирација за дамите како Меган Маркл. Сепак, сино-белиот фустан, кој претставува специфична комбинација на урбан и ретро стил, кај многумина разбуди многу поголема инспирација и се очекува да ги полуди дамите.
Инаку, филмската костимографка Мерлин Венс, која стои зад познатото парче облека, го промовираше кај партнерката на Ричард Гир во популарната романтична комедија, а како што тогаш се наведуваше, инспирација и биле костимите за капење популарни во седумдесетите. Металниот обрач кој го дели фустанот на два дела беше детаљ кој беше особено популарен во тоа време.
Можеби затоа е направен во новото издание од брендот „Хунза Џи“, познат по костими за капење.
Фустанот чие реиздавање го потпишува тој бренд е достапен во неколку бои и сигурно секоја дама ќе го пронајде својот омилен дизајн. Симболично, по филмот во кој се појавува, фустанот е наречен „Убава жена“.
Фото: Инстаграм/ pinterest.com/ Youtube - screenshoot