Им пркосеше на стереотипите, се гордееше со своето тело, но замина под нож: Ивона направила кратење на желудникот

Добивај вести на Viber

Во последно време на социјалните мрежи ја среќаваме со мотивационите говори за прифаќање на себе си и сопственото тело. 

Пејачката Ивона која се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ со следбениците на Инстаграм сподели дека направила драстична промена.

Таа уриваше предрасуди и се гордееше со сопственото тело но, како што напиша во последната објава на Инстаграм, направила  bariatric surgery-кратење на желудник во Турција.


„Од каде да почнам? Од благодарноста кон моите родители кои не себично ми пружија љубов и секој вид поддршка за овој нов чекор во мојот живот. Благодарноста е таа која овој период ме дефинираше како прав зрел човек. Во моменти на најголемата болка која сум ја искусила во мојот живот, јас велев дека можам и дека ќе успеам. И успеав. Се разбудив жива и здрава од операцијата и во овој момент сум на пат кон здрава верзија на Ивона.
За самата процедура нема да зборам сега. Ќе се задржам на емотивниот момент и одлуката.
Долго време на мојот профил читате за прифаќањето на самите себе и љубовта кон себе. И стојам уште до тоа. Без прифаќање на реалната ситуација и согледување на своите ЧУВСТВА немаше никогаш да прифатам овакво нешто. Прифати за да можеш да промениш е мотото кое ми одзвонуваше во главата секојдневно. Прифати за да можеш да промениш. И последните недела дена пред операција ( моментот бикини на плажа) беа тие денови кога живеев слободно. Ја почувствував слободата на сопственото тело. Одлучив овој процес да оди јавно без цензура. Се што ќе се случува со мене ќе го проаѓаме заедно“, напиша Ивона на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


Инаку младата пејачка во септември минатата година го прележа коронавирусот и го раскажа своето искуство за Женски Магазин.