Им треба облека, храна и постелина: Хуманитарни акции во МК и Женски магазин во хумана мисија за семејството Спасовски

Нашиот портал пред два месеци објави сторија за кумановецот Ице Спасовски кој ја раскажа својата животна приказна. Жена му го напуштила и го оставила сам да се грижи за трите нивни деца. 

- Жената ме напушти, таа бараше удобен живот и ме остави сам да се грижам за нашите деца. Живко тогаш имаше девет години, Александра четири, а Анастасија една година помалку. Ги зеде двете девојчиња, ги однесе во Центарот за социјална работа, ги остави во една соба и побегна. Кога ми се јавија од Центарот ме прашаа дали ќе ги земам децата или да ги однесат во Домот за деца без родители. Не прифатив, им реков дека сам ќе се грижам. Жена ми отогаш повеќе ниту се јави, ниту не побара. Сам ги исчуваав децата до денес, со големи маки, во немаштија. Живееме без струја 15 години. Сам се борам. Не сум побарал помош од никого. Во куќата има влага, сѐ е старо и недоправено. Немаме купатило. Немаме мебел. Спиеме на земја. Немаме канал, вода, сѐ што е најбитно - вака ни раскажа Спасовски тогаш, а сега во соработка со Siec здружението и коалицијата од невладени организации „Хуманитарни акции во Македонија“ ги повикуваме сите хуманитарци да донираат и да му помогнеме на Ице и неговите три деца.

Досега е обезбедено од мебел: душеци, маса, шпорет, а потребно е биро, телевизор, мал фрижидер и мали шкафчиња. 

Од покуќнина поторебни се ќебиња, перници, постелнина и јоргани и конзервирана храна.

Потребни се и облеки за таткото и децата:

* Машки пол 43г. , величина л, висина 168 , патики број 41

* Машки пол 22 години, величина л, висина 185, патики број 43

* Женски пол 16 години, величина хл ххл, висина 170, број на патики 38

* Женски пол 15 години , 160 висина, величина л, број на патики 37.

ВАЖНО: 

Ве замолуваме сите донатори да ги исперат и спакуваат за да не се оштетат при превозот.


За целата приказна за семејството прочитајте ја ОВДЕ