Има 44 години, позира без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините влакна на пазувите: Холивудската убавица инсистира на природност и одбива да ја лаже публиката

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Холивудската актерка Рејчел МекАдамс неодамна сними едиторијал за магазинот „Bustle“, инсистирајќи нејзините фотографии да бидат минимално обработени за да се прикажат нејзиното лице и тело во вистинско светло, какви што навистина се. Природни и убави.

Познатата 44-годишна актерка позираше во бел фустан без градник, а потоа црн, заводлив корсет од тантела и широки панталони, а влакната на пазувите ѝ се гледаа на двете фотографии како доказ дека Рејчел е љубител на природното и не е опседната со беспрекорен изглед или наметнати стандарди.


„Носам долна облека од латекс на ова снимање. Но, родив две деца. Ова е моето тело и мислам дека е важно да му го покажам на светот онакво како што навистина е. Во ред е да изгледате најдобро, работете на тоа и да бидете здрави, но тоа за секого е различно“, рече таа во интервју за „Bustle“.


Рејчел во едно интервју призна дека сè уште се чувствува виновна до ден-денес затоа што направи пауза од снимањето на врвот на нејзината кариера, се повлече од Холивуд и ги одби главните улоги во легендарните филмови како „Iron Man“, „Casino Royale“ и „The Devil Wears Prada“.

„Се чувствував виновна затоа што не ја искористив шансата што ми беше дадена, бидејќи имав многу среќа. Но, исто така знаев дека тоа не е она што ми треба во тој момент за да останам здраворазумна“, рече таа и рече дека сепак таа му дава приоритет на своето ментално здравје пред сè друго.


Холивудската убавица исто така истакнува дека годините во кои паузирала од актерството ѝ помогнале да се чувствува моќно: „Ми помогнаа да се чувствувам како да сум ја повратила контролата. И мислам дека на некој начин ми овозможија да се појавам во шоу-бизнисот на некој други начин“.

Извор: zena.blic.rs