Има 48 години, коефициент на интелигенција 152 и тука е да нè шармира: Кејт Бекинсејл уште еднаш покажа зошто ѝ нема рамен меѓу познатите
Холивудската актерка никого не остави рамнодушен од
почетокот на кариерата, а сега го прикажа едно од најубавите изданија откако ја
познаваме.
Британската актерка Кејт Бекинсејл е една од оние жени кои не можат да не се забележат во ниту една прилика.
Убавицата која многумина ја нарекуваат најинтелигентна холивудска ѕвезда, бидејќи може да се пофали со коефициент на интелигенција и до 152, има завидна филмска кариера и не престанува да добива успешни улоги. Таа се истакнува и во драма и во акција, живее неоптоварена со туѓи коментари и мислења и има со што да се гордее во својата кариера.
Така е и со нејзиниот изглед, кој без сомнение е еден од најголемите адути на Кејт и благодарение на кој таа го достигна врвот на многу листи за најубави жени на планетата.
Кејт Бекинсејл, која на крајот на јули ќе го прослави својот 49-ти роденден, внимателно го планира своето мени и е опседната со јогата, благодарение на која денес изгледа децении помлада, а секогаш кога ќе се појави изгледа спектакуларно.
Така беше и на доделување на Националните филмски награди во Лондон, каде Кејт беше наградена за улогата во акционата комедија „Jolt“.
Бекинсејл на церемонијата се појави во уште едно елегантно издание во нејзиниот препознатлив стил - сребрена креација што го следи телото и која совршено ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за фустанот со потпис на велшката дизајнерка Џилијан Мекдоналд, кој ги истакнува рамениците, има тесни и долги ракави, макси должина, а напред е украсен со подлабок шлиц.
Актерката го комплетираше својот аутфит со необични металик сандали со платформи, чиј преден дел е украсен со лента во форма на пеперутка со раширени крилја.
Фото: Профимедиа