Има 800 милиони на сметка, а носи фустан од 2500 денари: Гламурозната Селена Гомез во скромно издание (ФОТО)
Сакаме кога познатите личности се приземјени и немаат потреба да го истакнуваат своето огромно богатство. А токму таква е Селена Гомез, која на црвениот тепих се појави во фустан каков што може да си дозволи секоја жена. Таа на наједноставен начин покажа дека е можно да се постигне гламурозен изглед без да претера.
Имено, Селена Гомез се појави на настанот „Rare Impact Fund“ во Лос Анџелес.
Пејачката и актерка за оваа пригода облече интересен фустан, а она што на многумина им падна во очи е фактот дека може да се купи за 39 долари, односно 2.500 денари.
Долгиот фустан од сирена во сребрена боја е особено модерен бидејќи има роза во пределот на градите, што е атрактивен детаљ оваа година.
Целата комбинација ја заокружи со сјајни обетки и права кратка фризура.
Селена исто така беше домаќин на настанот „Rare Impact Fund“, фондација која самата ја започна. Оваа фондација претставува дел од нејзината посветена работа за решавање на проблемите со менталното здравје и импресивно е што еден процент од продажбата на нејзините производи е посветен токму на оваа цел.
Да потсетиме дека ја обожаваат милиони бидејќи никогаш не го криела својот природен изглед, дури и кога многумина ја исмејуваа поради прекумерна тежина. Таа во една прилика истакна дека никој не треба да се срами од својот изглед додека минува низ тежок период.
Foto:selena_sourcefr / Instagram