Има корона, а одбива да лежи во болница: Причината е премногу силна

Добивај вести на Viber

Иако има милиони кои можат да и дозволат третман во која болница сака, Олга Куриленко ја сподели причината зошто не сака да лежи во болница.

Таа сподли Инстаграм пост со кој се заблагодари на сите кои и испраќаат желби за поскоро оздравување и вели дека не сака да го заземе местото на постарите луѓе и оние кои се борат да живеат.

- Благодарние на сите што ми испраќаат желби, презаситена сум со љубезност. Сакам да ја искористам оваа прилика да одговорам на најчесто поставуваните прашања што ги имате за вирусот корона - напиша Олга.

- Зошто не сум во болница? Бидејќи болниците се полни и сместуваат пациенти кои се борат за живот. Ми кажаа дека ако се влоши ситуацијата, да повикам брза помош, продолжи Куриленко.

- Каде бев тестирана? Во болницата, кога брзата помош ме прими, откако се јавив бидејќи температурата ми беше над 39.

- Каде го добив коронавирусот? Невозможно е да се знае. Може да биде од било каде, живее на површините! Недела дена мојата температура беше 38, понекогаш и до 38,5. Денеска се спушти.

Таа пред два дена објави дека е позитивна на коронавирусот.