Имала речиси 400 килограми кога сфатила дека ќе умре или ќе ослабе: „Се чувствував одвратно и неприфатливо, никому не му го посакувам ова“

Добивај вести на Viber

Уште кога била мала имала проблем со килограмите, а како што доаѓале годините нејзиниот проблем станувал сѐ поголем и поголем.

Амбер Рачди, која достигнала тежина од 376 килограми, се прослави низ целиот свет со пресвртниот момент во животот што го доживеа на само 24 години.

Новиот имиџ на младата жена во оваа не толку убава приказна, но со среќен крај, ги воодушеви сите.

Printscreen/Youtube/ShowBiz Trend


Амебр не се чувствувала прифатена од околината и убава, иако имала момче кое се обидувало да ѝ помогне кога имала вишок килограми, но нејзината желба за храна била посилна.


Сепак, телевизиското шоу наречено „Мојот живот со 300 килограми“ ѝ даде можност да ги надмине сите стравови и да истрае во намерата да го изгуби вишокот килограми.

Како што наведува, отсекогаш имала вишок килограми, поточно од својата петта година. Како што растела, сè се влошувало и не можела да издржи повеќе од половина час, а да не јаде.

Кога имала само 23 години, нејзината тежина достигнала 376 килограми.

Таа тврди дека се чувствувала одвратно и дека најлошото нешто што си го направила е да најде утеха во храната.

Со помош на лекарите и сите луѓе кои се вклучија во нејзиното слабеење, таа до крајот на емотивното шоу за неа ослабе повеќе од 190 килограми.

Кога животот ѝ се вратил во нормала, конечно правела сѐ што претходно не можела, но тогашното момче во тој момент ја оставил. Сепак, таа не се откажала, ниту пак помислила да се врати на храната.

View this post on Instagram

A post shared by Amber Rachdi (@amberrachdi)



Сега таа е инфлуенсер бидејќи сите кои имаат проблем со килограмите внимателно ги следат нејзините совети.