Имам 28 години и три деца, имам и канцер и рекоа дека ќе живеам само до мај годинава: Се борам со сите сили за живот, а коментарите на луѓето се страшни

Џема Мекгован, мајка на три деца, во февруари 2021 година се соочи со тешка дијагноза - рак на јајниците во четврта фаза, а прогнозата беше ужасна - лекарите ѝ рекоа дека ќе живее само до мај оваа година.

Џема решила со своите следбеници на Инстаграм да ги сподели сите детали од лекувањето и посетите во болниците, а и покрај тежината на болеста се соочила и со ужасни коментари и навреди.

Имено, таа се пожали на британските медиуми дека поединци континуирано ја злоставуваат, обвинувајќи ја дека „ја лажира болеста“ и „изгледа премногу добро за некој што умира од рак“.

View this post on Instagram

A post shared by Jemma McGowan (@jemhow)


Сепак, оваа дама од Северна Ирска истакнува дека не ѝ пречат ваквите коментари, бидејќи е презафатена да најде начин да си го продолжи животот и да остане што подолго со своите деца - Сејди, Луис и Бети.

„Добивам барем еден ужасен коментар неделно. Редовно ми кажуваат дека се преправам дека имам рак или дека немам терминален карцином затоа што изгледам премногу добро за болна личност. Не сум вознемирена бидејќи знам дека кажувањето не е точно. Тие не знаат што зборуваат. Не знам каков доказ сè уште сакаат“, рече оваа мајка.

View this post on Instagram

A post shared by Jemma McGowan (@jemhow)


На Џема првпат ѝ бил дијагностициран рак на јајниците во 2016 година, кога имала само 22 години, додека била во шестата недела од бременоста со своето второ дете. Таа беше оперирана, а лекарите ѝ рекоа дека не веруваат дека болеста ќе се врати.

„Тоа беше рак во почетната фаза, па по операцијата го оставив зад себе и продолжив со мојот живот“, вели таа. И навистина - во следните четири години немаше никакви симптоми.

Меѓутоа, во јануари 2021 година почувствувала грутка на телото, па била испратена на магнетна резонанца, а во исто време била хоспитализирана за да се подготви за царски рез. Само 24 часа по породувањето, на Џема ѝ било кажано дека ракот се вратил, и дека има повеќе тумори.

„Зборовите кои ги запамтив беа: неизлечив, агресивен и чудно се однесува. Почнав со хемотерапија кога Бети имаше само две недели, но не бев подготвена да се откажам и да им кажам на моите деца дека ќе умрам", рекла таа.

По три рунди од два различни типа на хемотерапија, во мај минатата година, тим од онколози идентификувале три нови тумори во телото на Џема, што укажувало дека третманот не дава резултати. Во таа прилика отворено ѝ кажале дека и останале уште 3 до 15 месеци живот.

Сепак, таа одбила да ги прифати таквите прогнози.

View this post on Instagram

A post shared by Jemma McGowan (@jemhow)


„Не барам да бидам баба, само сакам да бидам мајка. Само сакам повеќе време, па зошто да не дадам се‘ од себе“, изјавила Џема, која сега се свртува кон алтернативни третмани за рак.

Таа пронашла контроверзна клиника во Мексико која нуди алтернативни терапии по цена од 90.000 фунти. Џема собра пари преку платформата GoFundMe.

Земам многу лекови кои не се одобрени или се во клинички испитувања. Не гледам опција да умрам во мај. Не јадам шеќер, млечни производи, месни протеини, јаглехидрати. Пијам многу здрави сокови и гладувам. Чувствувам дека сум на вистинскиот пат и одлучно сакам да се излечам“, изјави оваа храбра, млада жена.

View this post on Instagram

A post shared by Jemma McGowan (@jemhow)


Сепак, таа е подготвена за најлошото сценарио, им подготвила кутија со спомени на своите деца, па дури и им купила подароци за сите големи моменти кои допрва следуваат - родендени, свадби, матура...

„Сакам моите деца да се сеќаваат на мене и да знаат дека мислев на нив. Некој еднаш ми рече дека утре можам да излезам од дома и да умрам во сообраќајна несреќа. А јас ја знам мојата судбина, па имам време да се подготвам и можам да ги ценам деновите што ми останаа“, заклучи Џема.


Фото: Инстаграм