Имам 35 години и сè уште сум девица, не можам да го најдам вистинскиот: Мажите бегаат од неа, а виновни се нејзините родители
Индијката Сонали Чандра тврди дека и на 35 години е девица и смета дека за тоа е виновно строгото родителско воспитување.
Индијката Сонали Чандра, која живее во Америка, тврди дека и на 35 години е сè уште девица и истакна дека не планира да се премисли по ова прашање пред да стапи во брак.
Таа не се согласува да води љубов без прстен на раката, а сето тоа првпат го кажа во познатата шоу програма „Д-р Фил“.
„Себеси се сметам за света и посебна. Всушност, воопшто не ми се допаѓа зборот „се*с“, повеќе сакам „водење љубов““, објасни таа во интервју за „Дејли Стар“ и додаде:
„Ќе бидам подготвена да водам љубов кога ќе го најдам „вистинскиот". Барам господин кој е морален и етички, убав, амбициозен, свесен за здравјето и кој ќе се однесува со мене како кралица. Го сакам тоа што го има Пријанка Чопра со Ник Џонас“, рече таа.
Сонали објасни дека пораснала со многу строги и традиционални индиски родители, кои ѝ забранувале социјален живот и врски додека растела.
„Мислам дека тој вид воспитување имаше многу негативен ефект врз мојата способност да најдам партнер, бидејќи запознавањето е навистина прашање на социјални вештини“, рече таа.
По неуспешните обиди да најде љубов, Чандра се пријавила во реалното шоу „Пет момци неделно“ во кое била изолирана од надворешниот свет со пет мажи. За жал, ниту тоа не ѝ помогнало.
Како што вели, повеќето мажи се откажуваат кога ќе слушнат дека таа е сè уште девица, а досега пробала со девет од нив.
„Откако станав ТВ-лице, ме контактираа голем број мажи кои ми нудат брак, но се плашам да запознаам непознати луѓе“, вели таа.
Сепак, таа му даде шанса на некој кој ѝ напишал, како што вели, многу романтична порака.
„Овој човек е убав, амбициозен и малку постар од мене, па изненадена сум што е сè уште сингл. Има неверојатно смирувачка енергија, што е одличен баланс на мојата жива личност", рече таа и додава:
„Се чувствувам како да го познавам одсекогаш и се чувствував удобно покрај него. Беше флертувачки, но целосно ги почитуваше моите граници со оглед на тоа дека сум девица. Не се ни обиде да ме бакне“, искрена беше Чандра.
Извор: stil.kurir.rs