Сама си го излечи ракот на дојката со вбризгување на туморот со вируси кои ги одгледувала во лабораторија: Ова е нешто револуционерно
Во едно од најугледните научни списанија во светот - „Природа“, беше објавена приказната за научник и виролог од Универзитетот во Загреб, Беате Халаси, која го излечила сопствениот рак на дојка со вбризгување на туморот со вируси кој го одлегувала во лабораторијата.
Таа вели дека самолекувањето било успешно и позитивно искуство, а веќе четири години е без рак.
Во 2020 година, кога имала 49 години, дознала дека ракот се појавил на местото на претходната мастектомија. Тоа беше втор пат кога ракот се врати и таа не можеше да поднесе уште еден циклус на хемотерапија. Студирала литература и решила да ги земе работите во свои раце користејќи недокажан третман.
Во август беше објавен извештај во списанието Vaccines во кој се опишува третманот што го користела таа, кој се нарекува онколитичка виротерапија, за лекување на рак во стадиум III.
ОВТ (онколитичка виротерапија) е развојно поле на третман на рак кој користи вируси за да ги нападне клетките на ракот и да го стимулира имунолошкиот систем да се бори со нив.
Таа го таргетираше нејзиниот тумор со два различни вируси едноподруго - вирусот на мали сипаници, а потоа и вирусот на везикуларен стоматитис. Видот на вирусот на мали сипаници што таа го избра е широко користен во детските вакцини против мали сипаници, додека вирусот на везикуларен стоматитис предизвикува, во најлош случај, благи симптоми слични на грип.
За време на двомесечниот третман со материјалот за истражување, нејзините онколози ја следеле нејзината состојба, за да може доколку има потреба да премине на конвенционална хемотерапија.
Пристапот се покажа како ефикасен. Во текот на лекувањето, без сериозни несакани ефекти, туморот значително стивнал и станал помек. Се одвои од пекторалниот мускул и кожата што ја нападна, што го олеснува хируркото отстранување.
По операцијата една година го примала антиканцерогениот трастузумаб.
Халаси сакаше да ги објави своите наоди, но повеќе од десетина списанија го отфрлија, најмногу поради само-експериментирање.
Ова искуство ѝ даде нова насока за сопственото истражување: во септември таа доби средства за истражување на онколитичката виротерапија во третманот на рак, но најпрво кај домашните миленици.