Имаме 90+ килограми и пукаме од самодоверба! - Тренд на нормализирање на бујните тела докажува дека бројката на вагата е само бројка

Добивај вести на Viber

Неодамна, TikTok е преплавен со интересен тренд кој се фокусира на нормализирање на фактот дека постојат жени кои тежат повеќе од 90 килограми, а всушност изгледаат одлично! Бројката на вагата е навистина само бројка на вагата, па не е ни чудо што жените со ист број килограми изгледаат многу различно.

На нашиот изглед не влијае само бројот на килограми, туку и висината, конституцијата, дали вежбаме или не, процентот на маснотии во телото... Но и оние „невидливи“ фактори како самодовербата, харизмата, сексипилност!

Како и да е, како општество ние сме склони кон тоа да заклучиме дека наводно жените со прекумерна тежина не можат да бидат секси и привлечни, а тоа не може да биде подалеку од вистината! Тоа е целта на младите TikTokers - да му покажат на светот дека не е страшно ако вагата покажува 90+ килограми и дека тоа е, треба и мора да биде општествено прифатливо.

@marietemara4.0 Reply to @notmuchtodo0  let’s normalize women’s weight! #200poundsbeauty  #bodypositivity #big #tall #fyp #MadewithKAContest #fakebody Running Up That Hill (A Deal With God) - Kate Bush


Видеата кои ја следат оваа тема се прегледани над 15 милиони пати и имаат бројни лајкови и коментари за поддршка за овие дами кои решиле да им пркосат на стереотипите дека жената не може да биде згодна ако нема помалку од 65 килограми!

@sydflofit where is the lie #size14 #200pounds #midsize #plussize #midsizegal #weightlosstransformation #bodypositivity #rugbygirl #strongwomen #edrecovery #ootd original sound - Corey Payne


Интересно е што Ријана, позната како секс симбол, во еден момент од кариерата имала околу 90 килограми, што и самата признала, велејќи дека го сака своето тело во сите фази и големини.

„Се надевам дека нема да го изгубам задникот или колковите или целите бутови. Кога ќе помислам на градите, веднаш помислувам да изгубам се, сето тоа ќе исчезне кога ќе ослабам. Знаете, сè има своја цена. Ако сакаш да имаш задник, ќе имаш вишок на стомакот. Искрено, треба да можеш да се прифатиш себеси. Знам кога имам дебел ден и кога слабеам. Јас го прифаќам моето тело. Не сум градена како модел на Викторија Сикрет, но сепак се чувствувам убаво, а имам самодоверба кога сум во долна облека“, изјавила еднаш во големото интервју за „Вог“.

@aundrea.lowery Where all my girls at? My 4th of july fit  tank top is from @Walmart shorts are @JudyBlue earrings @Under the Carolina Moon  #normalizeweight #over200lbs #womenshealth #plussize #plussizefashion Work Out (Talkbox) - Adam Tahere


И познатата плус сајз манекенка во една прилика проговори за тоа како допрва треба да им се „правда“ на луѓето затоа што се осмелила да тежи повеќе од 90 килограми и уште еднаш да го слави своето тело и сексапил.



„Луѓето често ме прашуваат како успевам да пукам од самодоверба и коментираат за мојот стил на облекување. Само затоа што носам големина 16 (американска големина, prim.aut), тежам повеќе од 90 килограми и снимам кампањи за долна облека не значи дека сакам да водам цело време разговори за тоа што е потребно за да имаш толкава самодоверба. Тоа што сум голема девојка не значи дека морам постојано да имам вакви разговори. Тоа е некако шокантно за мене бидејќи истите прашања не се бараат од послаби жени. На крајот, навистина не е сè до изгледот. Понекогаш она што е во нас е нешто на што треба да работиме“, рече таа.

View this post on Instagram

A post shared by VH. (@vivianhoorn)



И светски познатата блогерка Вивијан Хорн е посветена на нормализирање на пополните женски тела. Убавата Холанѓанка признала дека има повеќе од 90 килограми, а редовно зборува за тоа како до пред само неколку години била исклучително слаба и се чувствувала мизерно и непривлечно. Вивијан процветала кога се опуштила и дозволила да не и тежат килограмите, а тоа јасно се гледа на нејзините фотографии!



Фото: Инстаграм/ТикТок Screenshot