Имаше 7 години и само 3,6 килограми: Нема да верувате како денес изгледа оваа детенце (ВИДЕО)

Во 2015 година Присила Морс видела фотографија од бебето Рајан кое на 7-годишна возраст тежело само 3,5 килограми. Но, поради нејзината љубов, животот на тоа момче целосно се променило.

Дејвид и Присила имаат два биолошки сина, но во 2012 година решиле да ги отворат срцата за малото девојче Мекензи од Русија.

3-годишното девојче имала Даунов синдром и проблеми со срцето, но на Морс тоа не им пречело. Две години откако била посвоена, во 2014 година, Присила видела фотографија која не можела да ја заборави. Фотографија на 6-годишно момче кое изгледало како бебе поради недостаток на храна и нега.

Момчето по име Рајан буквално пропаѓало во сиропиталиште во Бугарија и се предвидувало дека нема долго да живее доколку некој не го посвои. Тогаш Присила донела уште една несебична одлука. 

Таа почувствувала дека Бог ѝ вели да го посвои Рајан: „Не знам како да го опишам тоа, но само знаеш кога ќе ги погледнеш. Одамна решивме дека ако сакаме да посвојуваме, тоа ќе бидат деца што никој друг не ги сака - деца во неразвиените земји кои се принудени да живеат во сиропиталишта“.

Парот набрзо почнал со процесот на посвојување.

Во 2015 година, Присила отишла во Бугарија да го земе Рајан. Имал 7 години и само 3,5 килограми. Присила се присети на тој момент: „Тој беше само кожа и коски. Тој буквално изгледаше како скелет. Мислев дека ќе умре“.

Рајан имал многу здравствени проблеми, церебрална парализа, проблеми со нозете, проблеми со мозокот и проблем со големината на главата. Било клучно да се лекува што е можно поскоро.

Кога го однеле во болница, лекарите плачеле над него. Тие му кажале на парот дека не знаат како момчето е се‘ уште живо. Рајан поминал еден месец во болница каде лекарите откриле дека има синдром каде неговото тело не складира вишок храна, туку веднаш ја исфрла. 

„Беше многу тешко долго време“, рече Присила, „Некако, цело време се обидуваме да се заштитиме од тоа колку е сериозна ситуацијата и се обидуваме да туркаме ден по ден“.

Рајан бил хранет преку цевка за да го зајакне неговото тело.

Наскоро станал посилен и лекарите можеле да почнат да му ги лечат другите болести. По неколку години, Рајан се трансформирал.

Рајан пораснал многу, во исто време му се подобрил говорот и може слободно да ги движи рацете. Во мај Рајан наполни 12 години и е навистина непрепознатлив.

Лекарите предвидуваат дека со многу терапија и третман, Рајан ќе може да го достигне својот целосен потенцијал. Но, седум години занемарување не можат да исчезнат во еден ден.

Иако Рајан има долг пат да помине, неговиот напредок е доказ дека никогаш не треба да се откажуваме. 

„Секој заслужува семејство“, рече Присила Морс, „Никој не треба да биде отпишан затоа што има посебни потреби или затоа што работите ќе бидат тешки. Животот и онака е тежок и мора да се адаптираш и учиш, бидејќи овие деца навистина вредат“.

По посвојувањето на Рајан, семејството посвоило уште едно девојче Џиџи од Украина, а Присила родила уште еден биолошки син Вил.

Оваа приказна е доказ дека со Божја помош се‘ е можно.


Фото и Извор: оазазнања

Видео: Youtube