Имаше 95+ кг, а сега се стопи: Ешли Греам никогаш послаба во мини фустан кој е хит летово и прави да изгледате 10 години помлади
Најпознатиот плус-сајз модел Ешли Греам неодамна ги воодушеви следбениците на Инстаграм со романтично, модерно летно издание. Убавата бринета го прифати популарниот тренд на Барбикор и облече супер симпатичен фустан кој ѝ пркоси на возраста и кој одлично ѝ стои. Таа се пофали со трендовска комбинација, но и со нова линија.
Популарната 35-годишна девојка во текот на кариерата често флуктуирала со килограмите, иако отсекогаш спаѓала во категоријата плус сајз модели, а особено по две бремености по ред, од кои едната близначка, накачи неколку килограми.
Сепак, Ешли Греам сега е послаба од последните години, па се чини дека сите труднички килограми исчезнале, а оваа убавица може да се пофали со потенка половина и потесни колкови.
Инаку, манекенката ги воодушеви модните познавачи во ултра мини светло розев фустан со набори на страните и интересен тродимензионален цвет кој на се‘ му дава романтичен шмек.
Изданието го комплетираше со сандали со циркони и високи потпетици, како и дискретен накит, но и убава, нежна шминка и растурена пунџа. Елегантно, но толку симпатично издание кое прави да изгледате младешки - исто како девојка.