Имав 2 отсто шанси да преживеам: Ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери откри низ каков пекол поминал
Метју Пери стекна голема популарност со улогата на Чендлер во серијата Пријатели.
Метју, попознат како Чендлер од култниот ситком Friends, откри детали од својот живот, како и со што се занимавал кога стекнал голема слава и пари.
Актерот зборуваше и за борбата со депресијата, осаменоста, како и за зависностите и бројните неуспешни рехабилитации. Метју (53) одлучи да ја каже вистината за својот живот во своите мемоари, сега кога бил сигурен дека никогаш нема да им се врати на најлошите навики.
- Сакав да споделам кога бев сигурен дека нема повторно да навлегувам во темната страна. Морав да почекам додека не бидам целосно трезен и подалеку од активната болест на алкохолизам и зависност. Главната работа е што сум прилично сигурен дека ќе им помогне на луѓето - изјави тој за магазинот People.
Пери откри и зачудувачки детали кои никој не ги знаел. Имено, тој во еден момент се борел за живот и имал минимални шанси да преживее. Тој имал гастроинтестинална перфорација и поминал неколку недели во болница откако му пукнало дебелото црево од предозирање со опијати. Две недели бил во кома, а пет месеци во болница.
- Докторите на моето семејство му рекоа дека имам 2 отсто шанси да преживеам - искрен беше актерот.
Улогата во Пријатели ја доби на 24 години, а веќе тогаш почна да излегува на површина неговата борба со алкохолот.
- Можев да се справам со тоа, на некој начин, но на 34 години навистина бев веќе во многу неволји. Имаше години кога бев трезен. Деветтата сезона на шоуто беше годината кога бев трезен цело време. И погодете која сезона бев номиниран за најдобар актер? Си помислив: „Тоа треба да ми каже нешто“. Не знаев како да престанам. Ако полицијата дојде кај мене дома и рече: „Ако пиеш вечерва, ќе те однесеме во затвор“, ќе почнам да се пакувам. Не можев да престанам затоа што болеста и зависноста напредуваат, станува се полошо и полошо како што старееш. Но, сега сум сосема здрав – вели тој.