“Имав инцест со шишките“: Најлудите лапсуси на познати личности

Добивај вести на Viber

Познатите личности се под будното око на јавноста, тие често даваат изјави, па се случува да направат и некој лапсус. Издвоивме неколку кои ќе ве насмеат до солзи:

- На новинарско прашање дали го посетил Партенон за време на престојот во Грција, Шек ноншалантно одговори: „Не можам да се сетам на имињата на сите клубови во кои бевме“.

- Дефинитивно ќе го крстиме Бруклин (синот на Бекам), но се‘ уште не сме одлучиле која религија. (Дејвид Бекам)

- Имав инцест со шишките. (Тања Савиќ)

- Јас сум меланхоличен монотон. (Светлана-Цеца Ражнатовиќ)

- Не сакам да запознавам луѓе што не ги познавам! (Марија Шерифовиќ)

- Јас сум полиглот, сакам животни. (Зорица Марковиќ)

- Сакам да пијам сок од џус! (Драгана Мирковиќ)

- Осудена сум на масовно мислење од полу-мозоци! (Јелена Карлеуша)

- Нова нау (наместо Нови Сад). (Адријана Кортан)

- Пушењето убива, а кога сте мртви, изгубивте важен дел од вашиот живот. (Брук Шилдс)

- Секогаш кога гледам на телевизија колку деца низ светот гладуваат, ми се плаче, не можам да се воздржам. Мислам, би сакала да сум толку слаба, но не со сето тоа мачење и други работи наоколу. (Мараја Кери)

- Јас сум верен сопруг, ја изневерив сопругата само два -три пати! (Народен пејач Џани)

-Јас сум единствена на естрадата, бидејќи мислам дека сум посебна! (Сека Алексиќ)

- Брат, кога ти велам, очите се душите на огледалата (Баки Б3)

- На патот кон машкото срце, постои само хемија што се случува и треба да се претвори во физика, и на крајот математика. (Маријана Матеус)


Фото: Инстаграм/ Дејвид Бекам/ Мараја Кери/ Светлана Ражнатовиќ