„Имав рак на дојка. Ова ме спаси од масектомија“: Славната манекенка Карла Бруни (55) првпат прозборе јавно

Добивај вести на Viber

Познатата манекенка и поранешна прва дама на Франција на Инстаграм објави дека боледува од рак на дојка. 

Таа ги откри деталите од таа битка и сподели важна порака, што е најзначајната објава што некогаш ја споделила на Инстаграм. 

Карла Бруни на самиот почеток на октомври со сите ја сподели својата приказна која е посветена на борбата против овој вид рак.

View this post on Instagram

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)



„Пред четири години ми беше дијагностициран рак на дојка. Операција, зрачење, хормонска терапија, отидов на вообичаениот начин на лекување на овој тип на рак. Но имав среќа - мојот рак сè уште не беше агресивен. Зошто ракот не беше агресивен ? Тоа е затоа што немаше време да стане така. Затоа што секоја година, на истиот датум, одам на мамограф. Да не го правев тоа секоја година, денес немаше да ја имам левата града“ изјави Карла Бруни на Инстаграм и нагласи:

„Не го правам ова за да споделам за моето здравје. Долго се двоумев пред да одлучам да споделам. Ова го објавувам денес бидејќи имам една порака да испратам. Тоа е основна порака за сите жени кои ме следат - правете мамограф секоја година. Одете на мамографија. Вашите животи зависат од тоа“.

Карла Бруни боледуваше од рак на дојка во 2019 година кога беше под голем стрес бидејќи нејзиниот сопруг Никола Саркози се соочуваше со обвиненија за корупција. Модната ѕвезда претходно проговори и за борбата со алкохолот, цигарите и шеќерот кои ги исфрлила од исхраната, пишува Дејли Мејл.