Име што значи радост: Водителката Деа откри како ќе се вика новородениот син

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена се породи водителката Анастасија Деа. Среќната вест на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот сопруг Богдан Илиевски.

Овојпат таа на својот профил на Инстаграм се огласи по породувањето и го откри името на бебето.

„Утрото кога се роди синко: едно од најубавите изгрејсонца кои сум ги видела.
27.04.2022
Добредојде Раде, радост си.
И веќе го правиш светот поубав“

View this post on Instagram

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)


Како што напиша и самата водителка, името Раде означува радост.

Двојката претходно ја има ќерката Дениција, исто убаво име, од најубавата македонска творба.