Здравје // Совети
ИНФЕКТОЛОГОТ РОГАНОВИЌ СО СОВЕТ ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ НА ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ: Како да се заштитат од мајмунските сипаници
Мајмунските сипаници се тема која ја окупира јавноста последните денови, а граѓаните кои имаат намера да патуваат на далечни дестинации се во дилема како да постапат за да се заштитат.
Со оглед на тоа дека ни претстои летната сезона, д-р Татјана Рогановиќ, инфектолог во Клиничкиот центар на Србија им препорачува на граѓаните кои имаат намера да патуваат да преземат превентивни мерки, како на пример за време на короната - редовно миење на рацете и дезинфекција.
- Секогаш советуваме да се води сметка за основните хигиенски и превентивни мерки и многу добро знаеме дека при патување во одредена земја потребно е да се знае какви болести постојат таму и соодветно да се спроведат одредени превентивни мерки - рече д-р Рогановиќ.