Инфлуенсерката Ангела Ѓоргиева држи модна лекција: Како да ги носите тренди оксфордките сезонава?
Девојките на Инстаграм ги претставија на голема врата, но освен што изгледаат генијално на нивните фотографии, овие чевли се всушност идеални обувки за сè што се случува во нашите животи - а мислиме и на удобност и на кул-фактор.
Модерните оксфордки и сезонаава се топ модно парче што треба да го имаат тренди девојките.
Дебелиот ѓон е секогаш добро обложен, што повторно значи дека стапалото има потпора што не ја добива кај пониските модели на чевли и не треба да се грижите дали некаде ќе ве фати дожд. Шлагот на тортата е што сето тоа е спакувано на таков начин што е тешко некој да ве победи во модните игри.
Па, како ги носите/комбинирате?
Најдобро од сè, е пто навистина нема никакви правила во комбинациите со познатите оксфордки. Се комбинираат со проѕирни чорапи, предимензионирани сакоа, хеланки и одела, фармерки и елеци, а посебно место заземаат комбинациите со чизми до глужд од сите бои.
Една интересна комбинација со познатите оксфордки понуди и познатата инфлуенсерка Ангела Ѓоргиева.
Во комбинација со фармерки до глужд, црно сако и мала чанта во иста боја, со бели чорапи, Ангела е наша модна инспирација.
Погледнете:
ФОТО: Инстаграм принтскрин