Инспирирани од диско ерата, анимал принт, пердуви, корсети: Македонските инфлуенсерки предлагаат како да се облечете на новогодишната ноќ
Новата година е пред прагот, а вие сѐ уште не знаете што ќе носите?
Модните трендови постојано се менуваат, па кој би ни дал подобри совети ако не истакнатите македонски инфлуенсерки.
Ги прашавме Александра Трпеска и Александра Шијакоска како тие би се облекле за новогодишната ноќ, што е модерно и популарно периодов и што ни предлагаат за оваа посебна ноќ.
Инспирирани од диско ерата, анимал принт, пердуви, корсети, па дури и фармерки - советуваат како да се облечете на новогодишната ноќ.
Александра Трпеска позната како majestic.at на Инстаграм, ни предлага две комбинации во кои дефинитивно секој од нас би заблескал. Нејзините комбинации се со ретро вајб, како што вели таа, а инспирацијата ја црпи од диско ерата.
фото:приватна архива / фустан MNML by Nana
фото:приватна архива / комбинација ZARA
- Мојот избор за оваа Нова година дефинитивно е инспириран од диско ерата. Многу светки, анимал принт и пердуви. Сакам да ги комбинирам сите заедно бидејќи даваат ретро вајб кој многу ми се допаѓа оваа зима (кој би рекол за човек што носи исклучиво црни алишта хаха)! Исто така би додала и дезенирани или црни хулахопки.
Александра
Шијакоска, aleksandrashijakoska на Инстаграм, ни предлага поедноставна, но исто толку доминантна комбинација. И таа во својот моден избор додава ретро нота.
фото:приватна архива
- Ако уште не знаете што да облечете за Нова година или за празниците еве еден предлог. Оваа година одиме со нешто нежно и едноставно. Обичен свилен фустан (долг или краток) со впечатливи ретро златни обетки. И уште една варијанта за тие што сакаат да се секојдневни, но впечатливи - најобични широки фармерки во комбинација со впечатлив корсет, светликава блуза или блуза со пердуви.
фото:приватна архива
И.Љ