Инстаграм ѕвезда ги рекреира модните стилови на познатите и ни докажува една важна работа!
Девојка која на сите дами може да им докаже дека без оглед на обликот на вашето тело и телесната тежина, можат да изгледаат како славните ѕвезди.
Совршената инспирација за секојдневниот стајлинг можеме да ја пронајдеме во street style изгледот на ѕвездите, но на прв поглед би можело да биде доста голем предизвик, да се испроба слична облека или комбинација, кога ќе го земеме во обзир фактот дека не сме слично градени како role моделот што го гледаме.
Кејт Сури, е Инстаграм ѕвезда која можеби нема нозе како топ моделот Жизел Бундхен, или тело како Кендал Џенер, но едно е сигурно- таа изгледа фантастично во секој стајлинг. Таа, всушност е онаа девојка која на сите дами може да им докаже дека без оглед на обликот на вашето тело и телесната тежина, можат да изгледаат како славните ѕвезди.
Дајен Кругер
Стајлингот на оваа позната глумица може да ви послужи како идеја како да носите и да вметнете впечатлив дезен во секојдневниот стајлинг. Поентата е одбраното модно парче, во овој случај капут со леопардски дезен, да го комбинирате со едноставни бои. Бела маичка и црни фармерки- одличен спој.
Јара Шахиди
Оваа комбинација е генијална, па зошто тогаш не би ја испробале? Бела кошула во комбинација со коктел фустан изгледа како одлична идеја за секојдневна варијанта. Полу длабоки чизмички се најдобриот избор на чевли за овој стајлинг.
Кендал Џенер
Без разлика дали носите комплет одело или дневна комбинација на фармерки и сако, сметајте на овој стајлинг како на опуштена верзија и алтернатива на елегантен фустан.
Меган Маркл
Тексас комбинација која оваа пролет ќе биде вистински хит. Кошула вовлечена во фармерки, со додаток на капут во светло кафени нијанси, спој кој ќе го обожавате. Додајте балетанки или високи потпетици, и веќе сте спремни за деловен или вечерен состанок.
Жизел Бундхен
Ова е модната комбинација што ќе ја сакате за време на целиот викенд. Опуштен, но во исто време и модерен, стајлинг со хоризонтални линии кои патем и не шират толку, во комбинација со блузичка и фармерка изгледа фантастично.
Џесика Алба
Доколку не сакате да излегувате во бел фустан каде било, овој стајлинг ќе ви помогне да се предомислите. Како Џесика и Кејти, со ваков модел на фустан облечете јакна во милитари јакна во којашто ќе се чувствувате поудобно.