Инстаграм планира да ги крие лајковите на објавите

Инстаграм наскоро би можел да смени една од неговите најважни одредници, лајковите. Популарната социјална мрежа навествува дека веќе нема да прикажува список на корисници кои ставиле лајк на одредени објави.

Според новите најави, Инстаграм ја тестира опцијата на сокривање на лајкови.

„Сакаме вашите пријатели да се фокусираат на она што вие ќе го споделите, а не на бројот на лајкови кој ќе го собрете на одредени објави. За време на тестирањето, само личноста која ја споделила објавата можела да го види точниот број на лајкови“, објаснија од Инстаграм.

„Според мислењето на психолозите бројот на лајкови во денешно време создава социјален притисок, особено кај младата популација. Затоа, велат од Инстаграм, ако се налмали ставањето акцент на лајковите, Инстаграм би станала поздрава социјална мрежа.