Интервју со Царовска: Креиравме социјална реформа за држава без сиромашни деца

Социјалната реформа која оваа Влада ја смета за една од клучните кои ги спровела, конечно ќе почне да се применува. Во јавноста предизвика доста внимание додатокот за трето дете за кој впрочем и запна усвојувањето, ама делумно причините беа и политички. Министерката за труд и социјална политика во разговор за Фактор вели дека и покрај тоа што имало мислење тој да биде укинат решението е надоместокот да остане, но само за граѓаните кои имаат до 12.000 денари приход. За сиот пакет реформи самата тврди дека ќе приднесе да се искорени сиромаштијата. Како тоа ќе го поднесат социјалните центри кои кубурат со стручни кадри, има ли подготвеност за имплементацијата.

Царовска: Реформата започнува веднаш по објавата на Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита во Службен весник. Инаку, во подготовката за нејзина реализација беа вклучени сите засегнати страни и со задоволство можам да кажам дека сме целосно подготвени за се што следува. Социјалните центри се клучни за спроведување на социјалната реформа, бидејќи преку нив се реализираат предвидените услуги. Тие се целосно запознаени и подготвени за спроведување за новите исплати и услуги. Во изминатиот период работевме на јакнење на нивните капацитети и знаења и ова е многу важно за подигнување на квалитетот на услугите кои ги нудиме. За жал, социјалните работници беа со години запоставени од државата кога станува збор за нивна доквалификација и обуки и со години не се организирале никакви обуки за нив. Јас многу добро ја разбирам клучната улога која оваа професија ја има за секое хумано и праведно општество. Ние, како министерство ќе продолжиме да вложуваме во нив, за тие да можат подобро да им помагаат на нашите граѓани.

Целото интервју овде