Ѕирнете во домот-замок од 50.000.000 евра на Драгана Мирковиќ: Има сала за бал, базен и 253 прозорци

Добивај вести на Viber

Пејачката Драгана Мирковиќ со сопругот Тони и децата Мануел и Марко живее во Виена, во прекрасен замок вреден 50.000.000 евра.

Мирковиќ пред неколку години откри дека таа и нејзиниот сопруг купиле замок во Австрија, како и дека долги години го реновирала.

И како не би било долго, кога зградата во која живеела Марија Тереза ​​на крајот на 17 век има 235 прозорци!

Неодамна на прославата на роденденот на нејзиниот син открила како изгледа замок вреден 50.000.000 евра. Таа постави црвен тепих пред замокот каде ги пречека гостите, но најинтересен од се‘ е ентериерот.

Драгана и Тони откриле дека парчињата мебел сами ги избирале, како и дека повеќето од нив ги увезувале од Италија.

Замокот има сала за бал, каде пејачката и нејзиното семејство организираат семејни прослави, а се работи и на музејот, како дел од имотот, кој наскоро ќе биде отворен за посетители.

Зборувајќи за својот луксузен имот, Драгана еднаш истакна дека не знае колку соби има во нејзиниот дом, но познато е дека замокот има дури 235 прозорци.


Фото: youtube-screenshoot

Погледнете во ГАЛЕРИЈАТА: