Ѕирнете во луксузниот стан на Јелена Гавриловиќ: Секој детал е специјално одбран, нејзиниот дом изгледа како од магазин
Јелена Гавриловиќ веќе три години е во врска со своето момче Дарио, а двојката неодамна почна да живее заедно во станот што го купија.
На почетокот на минатата година се пишуваше за нивниот почеток на заеднички живот во елитниот дел на српската престолнина, Белград на вода.
Нивните основни барања се исполнети - станот е блиску до река, до убаво уредено шеталиште и сѐ им е при рака. Претходно живееја како подстанари во не помалку луксузната населба „West“, во Нов Белград, но сепак се одлучија за локација поблиску до срцето на Белград.
Иако убавата актерка не зборува често за својот приватен живот, ниту пак сака многу да споделува на социјалните мрежи - сепак за своите следбеници сподели неколку фотографии и детали од нејзиниот рајски дом.
Дека Јелена ја сака уметноста покажуваат и сликите на ѕидот кои на целиот амбиент му даваат посебен шарм.
Станот на Јелена Гавриловиќ го краси и необично сина фотелја, која во последно време станува сѐ попопуларна и присутна во дизајнот на ентериер.
Златните детали го красат просторот околу трпезариската маса каде има доволно простор за семејството или пријателите.
Минимализмот е застапен во спалната соба - и тоа на многу шик начин. Брачен кревет, декоративно златно огледало на ѕидот, а пак прозорците преку целиот ѕид му даваат посебна светлина на целиот простор.
Извор: wanted.mondo.rs