Искрена и храбра: Еве зошто секој во животот треба да има пријателка во знакот на Девица
На личностите родени во овој знак секогаш може да се потпреме, а дознајте зошто ги сакаме уште повеќе...
Владеењето на Девицата ќе трае до 23 септември. Таа е шестиот знак во Зодијакот. Женски е и земјен и по својата природа треба да биде рационална и борбена.
Елементот на Девицата е земјата и личностите родени во овој хороскопски знак се занимаваат со конкретни работи, кои може да се искористат и во пракса.
Тие се реални и веруваат исклучиво во нивните чувства и логика на размислување во аналитичкиот процес на обработка на податоците и на секој проблем му пристапуваат многу студиозно, дури и кога станува збор за едноставни секојдневни активности, како што е шопингот. Никогаш нема да им се случи некој да ги убеди да ги потрошат парите на нешто што не им е потребно или на нешто, кое што може на друго место да го најдат поевтино.
Тие дури ни некои факти не ги земаат здраво за готово, без претходно да проверат, освен доколку не се изнесени од страна на авторитет на кој му веруваат, а такви се навистина малку, бидејќи Девиците по природа се скептични, а нивниот вроден перфекционизам ги тера секогаш да обрнуваат внимание на деталите.
Девицата е знак која ништо не препушта на случајноста. Сака да ги има работите под контрола и да се прашува. Многу анализира, многу размислува, за да може да се заштити. Внимателна е на работа и затоа може да биде успешна.
Девиците сакаат ред, а во тоа ќе се уверите кога ќе влезете во нивниот дом, бидејќи таму секој детаљ си го знае своето место и цењл. Природно се склони кон минималистички пристап, мебелот им е практичен, со невпечатлив ентериер, скоро е невозможно нешто да ви излезе од целината.
Тоа секако не значи дека не мечтаат и не се интересни личности, туку укажува на нивната потреба за едноставно и практично окружување, каде што се што им е потребно ќе им биде при рака.
Нивната смисла за ред е фасцинантна за некои луѓе, за други пак иритирачка, бидејќи Девицата е мајстор за повторување, а најмногу поради тоа што повторувањето е најдобар пат до усовршувањето.
Во продолжение погледнете прочитајте ги карактеристиките на Девицата кои ја прават одлична пријателка:
1. Многу е искрена.
2. Ништо не заборава, дури ниту најситните детали.
3. Полна е со идеи.
4. Таа е вистински пријател.
5. Многу е организирана.
6. Тактична и храбра.