Исповед: Го поминав вирусот, не ја добив битката, од каде да најдам пари за лековите

25-дневната борба со крона вирусот на гевгеличанецот Перо Рујковски не завршува на Интерното одделение во Клиничката болница во Гевгелија. Откакао е излекуван од Ковид-19 и отпуштен од болницата, борбата на Рујковски продолжува во  насока на набавка на лекарствата кои му се препишани од лекарите за целосно закрепнување на неговиот организам.

За Фактор вели дека терапијата е скапа, а бидејќи не е вработен, нема како да си ги обезбеди лековите.

-И јас сум еден од многуте кои директно се соочија со оваа страшна болест. Морам да кажам дека навистина ги почитував сите мерки за заштита од корона вирусот, но бидејќи мојата сопруга е лице со инвалидитет, а имаме пет деца, јас сум тој што мора да ги завршува сите работи. И да пазарам, и да одам по други набавки и децата да ги снабдам со сè што треба. Веројатно, некое мое мало невнимание беше доволно да се заразам. Здравствената состојба ми стана толку тешка што мораа да ме хоспитализираат. Имав обилна пневмонија и цели 25 дена останав на лекување во гевгелиската болница. За терапијата и лековите што да ви кажувам. Секојдневно примав по цела рака лекарства и инфузии. Во мојот случај се покажа дека сè беше делотворно и успеав да го надминам најтешкото. Бев испишан на 9.декември и сега тоа е минато. Сега имам друг проблем, а тоа е  што не можам да си ги купам лекарствата кои се уште морам да ги пијам, прескапи се, посочува 47-годишниот Рујковски кој се обрати до редакцијата на Фактор.

По излегувањето од болница Рујковски се уште прима антибиотици, односно Моксирал, кој не се дава лекарски рецепт, во терапијата му е вклучен и Фавипиравирот, антивирусниот лек, кој е доста поскап, како и останати лекови за заштита на црниот дроб, пробиотици, и останата витаминска терапија.

Целата сторија прочитајте ја на Фактор.мк