ИСТ ГЕЈТ НОВОГОДИШЕН БАЗАР ПОД ЅВЕЗДИТЕ: Концерти, забава, музика, светилки и мирис на цимет во прекрасна атмосфера

Добивај вести на Viber

ИСТ ГЕЈТ МОЛ го најавува новогодинешниот и божиќен базар од 16-31 декември, кој ќе се реализира под отворено небо на платото на амфитеатарот на трговскиот центар.

Богата програма со концерти и музички звезди, украсена магична атмосфера, како и традиционален базар со мирис на цимет, ванила и различни бои на украси за продажба.

Амфитеатарот како место на случување е безбедно место далеку од градскиот метеж, и далеку од булеварите и сообраќајниците. Новогодишниот пазар е традиција во нашата земја и посетителите на Ист Гејт Мол ќе уживаат во прекрасна атмосфера, забава и шопинг и низа придобивки како бесплатен паркинг,  чување на миленичиња до 4 часа, итн.

Ист Гејт Мол е најголемиот урбан трговски центар во нашата земја, од најновата генерација, во кој може да се најдат сите меѓународни брендови на едно место. Ист Гејт Мол се простира на 160.000м2 бруто изградена површина и 57.000м2 површина за изнајмување.

Дојдете и почувствувајте ја магичната приказнаво East Gate Mall.