Истражувањето потврди: 10 докази дека жените се подобри возачи од мажите!

Дали жените се подобри возачи од мажите? Ако ја прашаме науката, ќе добиеме многу јасен одговор. Судејќи според бројот на сообраќајни несреќи со смртни последици, но и според казните што можеме да ги добиеме во сообраќајот - жените се многу поодговорни, повнимателни и подобри возачи од мажите, вели новото истражување, спроведено на 15 илјади возачи.

Постои широко распространета заблуда дека мажите се подобри возачи од жените. Интернетот е полн со комични примери во кои жената не знае добро да паркира автомобил, да смени гума или да забележи дефект на автомобилот. Сепак, истражувањата ни кажуваат дека тоа не се параметри според кои можеме да судиме за квалитетот на нечие возење.

Во однос на безбедноста, жените ги победуваат мажите, со голема разлика. Студијата спроведена од Injury Prevention во Велика Британија вели дека жените се 12 пати подобри возачи од мажите.

Најважното нешто што го забележавме во ова истражување, беа ризиците што вашето однесување во сообраќајот може да ги донесе на другите луѓе. Жените подобро го разбираат сообраќајот, имаат подобро чувство за ризик, почесто ги користат детските седишта, посериозни се, не се склони кон бес како мажите додека возат.

Истражувањето покажало дека дури 70 отсто од жените немаат потреба да се приближуваат на автомобилот пред себе, додека за мажите тоа е сосема нормална работа. Едноставно кажано, автомобилот служи како превозно средство за жените и демонстрација на моќ за мажите, вели водечкиот автор на студијата Рејчел Олдред.

Во продолжение прочитајте 10 причини зошто жените се подобри возачи од мажите.

1. Мажите мислат дека „го поседуваат патот“

Многу од агресивните однесувања што мажите ги покажуваат додека возат го потврдуваат мислењето дека „патот е нивен“, се вели во студијата. Занемарувањето на другите возачи резултира со сообраќајни несреќи и повеќе смртни случаи. Жените имаат поинаков став – го прифаќаат концептот на „споделување на патот“ кој го гледаат како жив организам на кој мора да се прилагодат. Исто така, не се склони кон посесивниот став дека треба да бидат добри возачи.

2. Мајчинскиот инстинкт ги прави жените подобри возачи

Истражувањето вели дека 80 отсто од сообраќајните несреќи во кои учествуваат пешаци и велосипедисти во Британија се предизвикани од мажи. Повеќето луѓе ќе се согласат дека жените се родени со мајчински инстинкт што ги прави посвесни да бидат поодговорни возачи. Жените имаат природна тенденција да ги штитат луѓето околу себе, а не само нивното дете. Најмалку сообраќајни несреќи предизвикуваат мајките, се вели во истражувањето.

3. На мажите полесно може нешто да им го одвлече вниманието додека возат

Иако на прв поглед ова тврдење изгледа неверојатно, дури 29 отсто од мажите признале дека нивниот поглед додека возат може да им го одвлече вниманието на убава жена. Некои од нив не виделе црвено светло на семафорот, а некои не се престроиле на време па доживеале помали сообраќајни незгоди.

4. Жените прават помалку сообраќајни несреќи

Иако мажите често велат дека нивното возење е „пофино“ и попрецизно, статистиката ни кажува поинаку. Истражувањата покажаа дека мажите имаат предност во однос на „чувствувањето кон својот автомобил“ бидејќи имаат поголема храброст да ги испробаат границите на своето лимено милениче. Жените, од друга страна, немаат потреба да ги доведуваат во прашање границите на својот автомобил, па затоа се понесигурни, а со самото тоа се повнимателни при возењето. Мажите, се вели во студијата, предизвикуваат 30 отсто повеќе сообраќајни несреќи од жените.

5. Жените имаат поголем опсег на внимание

Иако денес постојат многу начини за безбедни повици со автомобил, мажите сепак добиваат повеќе казни и предизвикуваат повеќе несреќи поради користење на мобилни телефони додека возат. Социјалното вмрежување и возењето се дефинитивно рецепт за автомобилска катастрофа. Иако истражувањата не потврдија дека жените реагираат помалку на пораки додека возат, биологијата сепак застана зад нас. Естрогенот природно им дава на жените подолг опсег на внимание за да можат подобро да се фокусираат на условите на патот.

6. Жените подобро ги учат и ги следат правилата

Овој факт се припишува и на женскиот хормон естроген. Жените имаат природна тенденција да апсорбираат информации и да ги следат правилата, па можеме да кажеме дека тоа не' прави побезбедни и подобри возачи. Истото истражување покажа дека жените знаат повеќе сообраќајни правила од мажите, што лесно би можело да се потврди ако ги погледнеме испитите што ги правиме при полагањето на возачки испит.

Дури 40 отсто од мажите признале дека „некои сообраќајни знаци се сметаат за бесмислени и непотребни“, а нивниот однос во сообраќајот произлегува од тој став.

7. Жените возат до подоцнежна возраст од мажите

Фактот дека жените имаат тенденција да ги надживеат мажите е доста добро познат. Според стогодишнината студија на Нова Англија на Универзитетот во Бостон, дури 85 отсто од луѓето кои живеат по 100 години се жени. Една од причините поради кои се истакнува истражувањето е таканаречената „тестостеронска бура“ која се јавува во тинејџерските денови и која меѓу другото влијае и на возењето.

8. Жените имаат помалку смртни случаи во сообраќајни незгоди

Според Институтот за осигурување на патиштата, машките возачи се со поголема веројатност да бидат вклучени во сообраќајни несреќи со смртни последици. Агресивните навики за возење се во срцето на овој феномен. Истото истражување покажа дека ризикот од смрт на пат се намалува како што старееме, но статистиката вели дека жените се во предност и во староста.

9. Жените почесто носат појас

Иако појасот не е нужно знак за способност за возење, оваа навика сугерира посовесен пристап кон управувањето со моторно возило. 19 проценти од мажите признале дека ретко користат појас. Над 20 отсто признале дека врзуваат појас само ако видат полиција во близина. Жените, пак, речиси секогаш ги врзуваат појасите, но тоа го прават за да избегнат казна, а не затоа што се чувствуваат безбедно.

10. Мажите почесто пијат алкохол и возат

Алкохолот и возењето се една од водечките причини за смрт на патиштата. Постојат многу докази, вели студијата, дека мажите поверојатно ќе бидат уапсени и осудени за возење во пијана состојба. Овој концепт би можел да се поврзе со чувството на моќ и контрола и „сопственост на патот“.

Многу мажи мислат дека е невозможно нивното внимание да падне затоа што испиле неколку пијачки и дека возењето доаѓа природно како, на пример, пешачењето.

извор:zadovoljnja.dnevnik
фото:unsplash